НЕВЕРОЈАТНА ПРОМЕНА: Пар кој 24 години живее во сиромаштија со шест деца, доби на подарок венчавка, а фотографиите се фантастични (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Свадбените церемонии имаат неколку цели и честопати се скапоцен момент во животот на една двојка. За повеќето парови, бракот е чин на посветеност и љубов. За еден пар од Филипините, бракот бил незамислив, бидејќи тие се бездомници.

Loading...

Приоритетите станале како да преживеат и да ги хранат децата, но сега се случил пресврт – и тие добиле спомени за цел живот.

 

 

Розалин Ферер и Ромел Баско се пар од Филипини на педесет години. Тие се заедно повеќе од 24 години, изложени на живот на улиците во провинцијата Пампанга. Двојката има шест деца, а последните неколку години живеат во мала колиба.

Со оглед на нивните услови за живот, свадбата била нешто што не можеле да си го дозволат бидејќи едвај врзувале крај со крај. Најчесто заработуваат со собирање на секундарни суровини и нивно продавање, но тоа е доволно само за да се покријат трошоците за храна за еден ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rab4Love Studios (@rab4love)

Loading...

Сепак, неодамна ги забележал еден човек по име Ричард Штранц, сопственик на фризерски салон во близина на местото каде живееле Розалин и Ромел.

Откако слушнал за нивната приказна и дознал дека двајцата не можат да си дозволат венчавка иако биле заедно повеќе од 20 години, човекот сакал да стори нешто за нив. Тој ги прашал нивните пријатели дали сакаат да му помогнат да подготви свадбено изненадување и фотосесија за Розалин и Ромел.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rab4Love Studios (@rab4love)

Не му требало многу за сè да се организира, а парот доживеал неверојатна трансформација и венчавка што вклучувала фотографирање само еден ден пред годинашниот Ден на вљубените. Секако, нивниот брак сè уште не е официјален, но Ричард и неговите пријатели се подготвени да помогнат плаќајќи за црковна венчавка.

Официјалната венчавка треба да се одржи подоцна оваа година – а фотографиите зборуваат погласно од зборовите.

Leave a Reply