Нетфликс ќе ви наплаќа поскапо ако ја делите лозинката со друг

Сподели со своите пријатели

Нетфликс, најголемата светска компанија за стриминг, денеска предупреди дека има глобално „кршење“ на практиката за споделување профили.

Loading...

Овојпат изгледа како сериозно предупредување, или можеби закана, а ќе значи крај на широко распространетата и долгогодишна практика на „позајмување“ профили на членовите на семејството или пријателите, барем на начинот на кој функционираше досега.

 

 

Компанијата соопшти дека повеќе од 100 милиони домаќинства ширум светот најверојатно ќе ги споделат своите сметки.

Имајќи го тоа предвид, како и фактот дека компанијата изгуби претплатници за прв пат по десет години – од нив поточно 200.000 – сосема е неизбежно да доаѓаат промени.

Стриминг гигантот неодамна почна да формулира планови за борба против споделувањето лозинки надвор од едно домаќинство со тоа што ќе им наплаќа дополнително на корисниците.

Loading...

 

 

Така, сите оние кои сакаат да споделат сметка со некој надвор од своето домаќинство, ќе треба да платат дополнителни 3 долари за такво нешто, секако, покрај цената на нивниот пакет.

Во секој случај, кој пакет и да го користите, треба да додадете уште 3 долари на таа цена и ќе треба да го платите ако сакате некој што не живее со вас да ја користи вашата сметка.