Нетанјаху: Ослободувањето на заложниците не значи крај на војната, тоа е глупост

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од владата да го поддржи договорот со Хамас за ослободување на заложниците и рече дека Израел ќе ја продолжи својата војна против Хамас додека не ги постигне сите свои цели, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Во видео изјавата снимена пред состанокот на владата на кој се разговараше за можен договор за ослободување на заложниците, тој рече дека е глупост што војната ќе престане откако тие ќе бидат ослободени.

„Нема да застанеме додека не победиме целосно“

Нетанјаху враќањето на заложниците го опиша како „света и примарна цел“.

„Има фази во војната и има фази во враќањето на заложниците, но нема да запреме додека не победиме целосно, додека не ги вратиме сите“, рече тој. „Тоа е света должност на сите нас.“

Тој побара од неговата влада да го поддржи договорот за ослободување на некои од заложниците земени од палестинските милитанти на Хамас во Појасот Газа за време на нападот врз Израел на 7 октомври.

Нетанјаху ѝ кажа на својата влада дека тоа е тешка, но правилна одлука и ќе му дозволи на Израел да продолжи да се бори против Хамас.

Целта е, исто така, рече тој, „да нема ништо во Газа што би му се заканувало на Израел“.

 

Loading...