Нетанјаху: Израел нема да се согласи на прекин на огнот, ова е време за војна

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја нема да се согласи на прекин на огнот, додавајќи дека сега е време за војна.

Loading...

„Како што САД нема да се согласат на прекин на огнот по бомбардирањето на Перл Харбор или по терористичките напади на 11 септември 2001 година, Израел нема да се согласи на прекин на непријателствата со Хамас по ужасните напади на 7 октомври. – рече Нетанјаху на прес-конференција, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека повиците за прекин на огнот се исто што и „повикот до Израел да му се предаде на Хамас, да се предаде на тероризмот и варварството“.

„Тоа нема да се случи. Библијата вели дека има време за мир и време за војна. Ова е време за војна“, рече израелскиот премиер.

Тој нагласи дека израелската војска и безбедносните служби проценуваат дека Хамас нема да ги ослободи заложниците, „освен ако не биде под притисок“.

Според него, копнената офанзива на Појасот Газа „всушност отвора можност“ за ослободување на заложниците.

„Ние сме посветени на враќање на сите заложници дома. Сметаме дека овој метод има шанса. Ова е целта на која сме посветени“, рече Нетанјаху.

На прашањето дали размислувал да поднесе оставка како премиер поради падот на рејтингот, Нетанјаху рече дека единственото нешто што имал намера да го направи е „да го фрли Хамас во ѓубриштето на историјата“.

Loading...

„Тоа е мојата цел. Тоа е моја одговорност“, изјави премиерот на Израел, пренесува Танјуг.