Нетанјаху го поддржа продолжувањето на примирјето

Сподели со своите пријатели

Бенјамин Нетанјаху во неделата му рече на американскиот претседател Бајден дека можноста за продолжување на примирјето со Хамас ќе биде добредојдена во замена за продолжување на ослободувањето на 10 заложници дневно од Газа.

Loading...

„Вечерва вративме уште една група заложници – жени и деца и трогнати сме од дното на нашите срца, целата нација, што го гледаме ова обединување на семејствата. Тоа само ја разбранува душата“, рече Нетанјаху.

„Постои и нацрт кој вели дека е можно да се ослободуваат дополнителни десет заложници секој ден. Тоа би било добредојдено“, додаде тој.

Нетанјаху рече дека му рекол на Бајден дека ако и кога заврши примирјето, Израел „ќе тргне со полна сила за да ги постигне целите: да го елиминира Хамас, да обезбеди Газа да не се врати на она што беше и – се разбира – да ги ослободи сите нивни заложници“.