Непозната просторија откриена во Кеопсовата пирамида

Сподели со своите пријатели

Мистеријата на пирамидите се значитено продлабочени откако во Кеопсовата пирамида неодамна е откриена голема празнина. Не е познато за што служела оваа шуплина, ниту дали во неа има некои артефакти со оглед дека не е можно да и се пристапи.

Јапонските и француски научници го објавиле оваа откритие по две години истражувања на оваа позната пирамида, а за кое користеле т.н. мионска радиографија, која служи за регистрирање на промени во густината во структурата на карпите, како и други слични материјали, а така што за снимање користи лесни честички со негативно наелектризирање.

Како навистина се градени пирамидите во Египет? (видео)

Loading...

Со оваа метода е откриено дека над познатата Голема галерија, која поврзува неколку внатрешни простории, постои уште една, досега непозната, празнина. Како оваа метода не е сосема прецизирана во откривањето на обликот и структурите на камените материјали, во овој момент не е познати дало се работи за една голема просторија, како познатите сали или пак за збир од помали отвори кои настанале за време на градењето.

Новата сала се наоѓа на околу 15 до 17 метри над Големата галерија и е долга околу 30 метри. Заштитните мерки со кои овој археолошки локалитет е заштитен од уништување не дозволува копање или минирањена внатрешноста на пирамидата, па на научницит еим преостанува со вакви методите да ги откријат нејзините преостанати тајни.

Во Египет пронајден дел од статуа стар 4.000 години

Сепак, се надеваат дека во иднина ќе може да добијат дозвола за бушење кон пронаоѓање на отворот, па и минимален отвор би бил доволен за пуштање на робот или дрон со камера кој би можел да снима и да открие дали постои нешто значајно во оваа празнина.

 

 

Пронаоѓањето на овој отвор во внатрешноста на пирамидата е во врска со минатогодишното откривање на два „ходници“ кои се откриени со иста метода, а на северната страна на пирамидата постои и теорија дека Големата пирамида крие еден сосема непознат систем на лавиринти, со кои сите досега пронајдени шуплини се поврзани.