Неколку села во липковскиот крај се без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од ЕВН Македонија, поради дефект на електро дистрибутивната  мрежата, без напојување со електрична енергија се неколку села во кумановско-липковскиот крај.

Станува збор за селата: Опае, Ваксинце, Лојане, Матејче и Никуштак. Екипите на компанијата се на терен и работат на санирање на дефектот, пренесува Регионалниот центар за управување со кризи.