Неколку локации во кумановско денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Делови од населбата Тромеѓа денеска во период од 09:00 до 12:00 часот ќе остане без електрична енергија, додека во период од 12:00 до 15:00 часот прекини се најавени за дел од селото Младо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени и за утре. Во период од 10:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат жителите од улицата „Титова митровачка“, од 08:30 до 15:00 населбата Ајдучка Чешма.

Преикини ќе има и на територијата на Општина Липково каде во период од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат селата Матејче, Виштица, Никуштак, Гошинце, Лукање, Стрима и Пресница.

Вчеравечер бес струја биле и жителите на кумановските села Облавце, Ругинце и Сув Орах.

Leave a Reply