Без електрична енергија во текот на утрешниот ден ќе остнат неколку делови од градот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 08:00 до 13:00 часот електрична енергија ќе немаат дел од улиците „Трст“, „Киро Фетак“, „Карл Маркс“, „Пролетерски Бригади“, „Шарпланинска“ и „Поток Серава“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежа.