Неколку лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

На 05.01.2020 околу 09.40 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во атар на селото Градиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(20) од селото Ранковце, кривопаланечко и товарно возило „там“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И.А.(37) од с.Долно Ѓуѓанце, светиниколско.

Loading...

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.М. и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.

Додека, со телесни повреди се здобил возачот И.А. и сопатниците во патничкото возило Т.Љ. и Љ.А., кои, исто така, биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply