Неделна временска прогноза за Куманово: Никаде без чадор!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места.

Попладне ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 9 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Слично време ќе имаме и утре, но врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Утринската температура ќе биде еден степен, а максималната дневна ќе се искачи до осум степени.

Среда носи повторно зголемување на облачноста и врнежи од дожд. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум ќе се искачи до седумс тепени.

Во четврток веќе ќе престанат врнежите од дожд и ќе имаме сончево до умерено облачно време, но утринските температури ќе бидат во минус. Така во кумановско ќе изнесува четири степени под нулата, додека максималната дневна ќе достигне до шест степени целзиусови.

Повторно врнежи од дожд се очекуваат веќе од петок откако ќе се зголеми облачноста. Утринската температура ќе биде еден степен над нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 10 степени.

 

Loading...

 

Внежливо ќе биде и за време на претстојниот викенд.

Врнежите од дожд ќе продолжат во сабота, кога температурата во утринските часови ќе биде еден степен под нулата, а максималната дневна само еден степен. Можно е во раните утрински часови со дождот да провејува и слаб снег.

И недела носи слично време, облачност и врнежи од дожд. Температурата во утринските часови ќе биде еден степен во позитива, а максималната дневна повторно околу девет степени.

 

 

Врнежите од дожд се очекува да се задржат и на стартот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply