Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Денеска претпладне ќе имаме сончеви периоди, а попладне променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно и сончево време во претпладневните часови. Попладне ќе настани заоблачување кое ќе донесе нестабилно во форма на врнежи и грмежи. Максималната дневна температура ќе се искачи до 23 степени целзиусови.

 

 

Исто време ќе имаме и утре. Претпладне променливо со дожд и грмотевици во попладневните часови и максимум од 23 степени.

Веќе во среда ќе имаме облачно и врнежливо време, со можност повторно за појава на грмотевици. Максималната температура ќе се искачи за два степени во однос на вторник и ќе изнесува 25 степени.

Loading...

Четврток го носи долгоочекуваното стабилизирање на временската состојба. Ќе имаме сончево до умерено облачно време и без врнежи. Максималната дневна температура ќе биде во пораст и ќе се искачи до 28 степени.

Петок носи 30 степени максимална дневна температура, и делумно сончево време во текот на денот.

 

 

Слично време ќе има и за претстојниот викенд. И во сабота и во недела ќе имаме сончево до умерено облачно време со дневен максимум од 29 степени.

Никола Ивановски

Leave a Reply