Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 16 степени во утринските часови до максимални 32 во текот на денот.

 

Loading...

 

Сончево до умерено облачно време ќе имаме во текот на утрешниот ден во околината на кумановско. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

И среда носи сончево до умерено облачно време, но со услови за локалната нестабилност во попладневните часови проследена со врнежи од дожд и електрични празнења. Температурата во утринските часови ќе изнесува 15 степени, додека максималната дневна 29 степени целзиусови.

Слично ќе биде и в четврток, кога минималните утрински температури ќе бидат околу 15 степени, додека максималната дневна ќе достигне 26 степени.

 

 

Loading...

Сончево и топло време ќе имаме в петок кога температурите ќе бидат во интервал од минимални 13 до максимални 28 степени.

Стабилно и топло ќе биде и за време на викендот што претстои.

Во сабота ќе имаме сончево време со дневен максимум од 26 степени, додека во недела истиот ќе биде за еден степен повисок.

 

 

Стабилно и топло време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Loading...