Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со слаб локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за слаби врнежи од дожд проследени со грмотевици.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од осум степени во утринските часови до максимални 19 во текот на денот.

Loading...

 

 

Слично време во Куманово и околината ќе имаме и утре само максималната дневна температура ќе биде малку повисока. Променливо облачно со услови за дожд и електрични празнења во попладневните часови. Утринската температура ќе биде околу 12 степени, а дневната до 21.

Среда конечно ќе биде денот кога врнежите ќе престанат. Ќе имаме сончево време со мала облачност. Температурата ќе се движи од 12 степени во утринските часови до максимални 24 во текот на денот.

Четврток носи слично, но за нијанса потопло време. Температурата во утринските часови ќе изнесува 13, а во текот на денот до максимални 27.

 

Loading...

 

Во петок ќе имаме делумно сончево, но стабилно и топло време. Минималната температура ќе изнесува 13, а максималната дневна 28 степени целзиусови.

Претстојниот викенд ќе имаме од се по нешто, но нема да има значителна промена на температурата.

Во сабота ќе имаме променливо облачно време со услови за дожд во попладневните часови. Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.

Слична ќе биде состојбата и во недела, но со значително мали услови за дожд. Дневниот максимум ќе биде за еден степен повисок.

 

 

Loading...

Слично време со температури до 30 степени ќе се задржи и во текот на првата половина од следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply