Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата се очекува да биде во интервал од седум степени во утринските часови, до максимални 18 во текот на денот.

 

Loading...

 

Слично време во кумановско се очекува и за утре. Повторно ќе има услови за слаби врнежи од дожд и грмотевици. Утринската температура ќе биде иста како и денеска, додека максималната дневна ќе биде за два степени пониска, односно ќе достигне 16 степени целзиусови.

Во среда конечно се очекува да престанат врнежите и да имаме повеќе сонце. Утринската температура ќе изнесува седум степени, додека максималната дневна ќе биде во пораст и ќе достигне до 20 степени целзиусови.

Слично ќе биде и во четврток кога дневниот максимум ќе биде за два степени повисок.

 

 

Loading...

Во петок ќе имаме претежно сончево до умерено облачно време. температурата во утринските часови ќе изнесува 11 степени, а максималната дневна до 23от.

За време на претстојниот викенд нема да има врнежи и ќе се задржи стабилно време со пролетни температури, но под просекот за овој период од годината.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со температура од 12 степени наутро и 23 во текот на денот.

Слично ќе биде и в недела, кога дневниот максимум ќе биде за два степени повисок и ќе изнесува 25 степени целзиусови.

 

 

Стабилното време ќе се задржи до средината на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply