Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Македонија денеска претпладне по котлините ќе има појава на слаба магла, а на места и ниска облачност.

Loading...

Преку денот ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 9 до 17 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од – степени во утринските часови, до  максимални 13 во текот на денот.

 

Loading...

 

Во текот на утрешниот ден ќе имаме раст на температурата. Сончев ден со утрински два степени, додека максималната ќе се искачи до 17от степен.

Сончево и топло време типично за периодот на пролетта ќе имаме и в среда. Температурата ќе се движи од 1 степен во утринските часови, до максимални 15 во текот на денот.

Четврток носи исто така топло и сончево време. Утринската температура ќе изнесува еден степен над нулата, а максималната дневна 16.

За еден степен потопло ќе биде во петок, кога дневниот максимум ќе достигне 17 степени.

 

 

Loading...

Пријатно време ќе имаме и за претстојниот викенд.

Во сабота времето ќе биде сончево до умерено облачно. Температурата во утринските часови ќе изнесува три степени, а максималната дневна 15.

Слично време нѐ очекува и во недела со дневен максимум до 12 степени.

 

 

Стартот на новата работна недела нема да донесе значителна промена во метео состојбата.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply