Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и со малку пониски температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Loading...

Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, а во попладневните и вечерните часови се можни појави на нестабилност проследени со дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 30 степени.

 

 

Утре времето ќе биде сончево до умерено облачно и посвежо. Во попладневните часови се очекуваат врнежи и грмежи, а максималната температура ќе достигне само 24 степени.

Loading...

Среда носи преодно стабилизирање на временската состојба. Ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се движи околу 13, а максималната дневна до 23 степени.

Четврток носи посвежо време. Ќе биде сончево до умерено облачно, со утрински температури околу 7, а максимални дневни околу 18 степени.

Слично ќе биде и во петок, со еден степен пониска утринска и еден степен повисока дневна температура.

Во текот на викендот што претстои ќе имаме претежно сончево време со температури околу дваесетиот степен.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply