Неделна прогноза за Куманово: Започнуваме со дожд и ветер

Сподели со своите пријатели

Во Македонија денеска ќе имаме значително посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер (и над 60 км/час), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец кој ќе достигне брзина до околу 50 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне само до 20 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно време со умерен до засилен ветер. Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 25 во текот на денот.

Среда носи повторно сончево до умернео облачно време и умерен до умерено засилен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 27 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 28 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

 

Loading...

 

Сонечво до умерено облачно време ќе имаме и во петок кога ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум ќе достигне до 28 степени.

Сабота носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северисточен правец. Температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 27 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 28 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Тромеѓа нападнат во Пчиња

 

 

Сончевото и топло време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски