Неделна прогноза за Куманово: Услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 20 л/м²), силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно претпладне, со нестабилност во попладневните часови со дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од 15 степени во утринските часови до максимални 20 во текот на денот.

Од УХМР за кумановскиот крај за денеска е издадено портокалово предупредување за опасност од дожд и жолто предупредување за опасност од невреме со грмотевици.

Утре во кумановско ќе имаме облачно време услови за дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

Среда носи сончево претпладне, со нестабилност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 24 степени целзиусови.

Loading...

Во четврток ќе имаме облачно време со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 21 степен целзиусов.

И во петок ќе имаме облачно време со дожд и грмежи и слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 13 степени во утринските часови до максимални 20 степени целзиусови во текот на денот.

И во сабота ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југозапад. Минималната температура ќе се движи околу 12, а максималната до 19 степени.

Врнежите од дожд нема да нѐ поштедат и во недела кога ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 23 степени целзиусови.

Нестабилноста ќе продолжи и во первиот дел од следната работна недела.

Никола Ивановски