Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе надминат 20 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југозапад.

Утринската температура ќе се движи околу 6 степени целзиусови, додека максималната дневна се очекува да достигне до 19.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди во текот на денот и врнежи од дожд попладне и во текот на вечерните часови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозапден правец. Температурата во утринските часови ќе се движат околу осум степени, додека маскималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

Среда носи сончево до умернео облачно и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад. Утринската температура ќе се движи околу  третиот степен, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 19 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од пет степени во утринските часови до максимални 20 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

 

Loading...

 

Променливо облачно време ќе имаме во петок кога ќе дува слаб до умерен ветер од југ. Утринската температура ќе се движи околу петиот степен, а дневниот максимум се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

Сабота носи наоблачување и услови за врнежи од дожд, иако температурите ќе останат реалтивно високи. Ќе дува слаб до умерено засилен северен, односно североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти околу седмиот степен, а дневниот максимум и натаму ќе остане околу 21 степен.

Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во недела, кога ќе дува и слаб до умерен ветер од север и североисток. Утринската температура ќе се движи околу петиот степен, а дневниот максимум се очекува да достигне до 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

 

 

Слична временска состојба ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски