НЕДЕЛЕН ПРЕСЕК: Продолжува да опаѓа бројот на ковид случаи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (28.03.2022 до 03.04.2022) во Куманово е регистриран пад на бројот на нови случаи споредбено со неделата претходно.

Loading...

Според статистиките на Министерството за здравство во текот на изминатата седмица се регистрирани вкупно 43 нови случаи во Куманово (заедно со Липково и Старо Нагоричане), додека во седумте дена претодно, биле регистрирани 57 новозаболени.

Најмногу нови случаи за еден ден во текот на изминатата недела биле регистрирани во вторник, вкупно 10 лица позитивни на ковид-19.

Во текот на изминатата недела починато е едно лицепоради компликации од коронавирусот, додека неделата претходно имало двајца починати пациенти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „БМВ“ излета од автопатот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден

Заклучно вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во Куманово активни се вкупно 45 случаи.

Од почетокот на пандемијата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане регистрирани се 16.570 случаи позитивни на ковид.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.969.035 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.670, бројот на оздравени пациенти е 295.457, на починати е 9.228, а бројот на активни случаи изнесува 1.985

Никола Ивановски

Loading...