Не сум богат, но имам осум жени: Живееме заедно и имаме систем на ротација во спалната соба

Сподели со своите пријатели

Онг Дам Сорот, кој работи како уметник за тетоважи во родниот Тајланд, стана вистинска ѕвезда во својата земја по интервјуто што го даде за ТВ Џокер, пренесува The Sun.

Loading...

Имено, овој господин има дури осум жени! Сите живеат под ист покрив и сите сопруги го опишуваат како „најдобриот човек на светот“.

Ја запознал својата прва сопруга Нонг Спрајт на свадба на пријател, но набрзо сфатил дека тоа не му е доволно.

 

 

Тој ги запознал следните две жени, кои исто така се викаат Нонг, додека бил во друштво на својата прва сопруга. Првата на локалниот пазар, втората при посета на болницата.

Својата четврта сопруга ја запознал преку Фејсбук, петтата преку Твитер, а шестата преку ТикТок, изјавил Онг, кој потоа се вратил од виртуелното заведување во реалниот свет.

Loading...

Својата седма сопруга, која верувале или не исто така се вика Нонг, ја запознал додека се молеле во локалниот храм, а осмата, досега последна, кога летото го минувал во друштво на четири сопруги во Патаја.

 

 

Некои од неговите сопруги во интервју за медиумите објасниле дека едноставно не можеле да одолеат на неговиот шарм, иако знаеле колку жени има.

Тие додале и дека имале големи проблеми со нивните семејства, кои навистина не го прифаќале нивниот начин на живот.

Онг се опишува себеси како скромен човек. Тврди дека не е богат, но дека љубовта е негово богатство. Додека тој тетовира, неговите сопруги прават и продаваат различни производи. Две во моментов се бремени, па се „поштедени“.

 

Loading...

 

Се разбира, прашањето за сексуалниот живот морало да дојде следно. Онг објаснил дека девојките живеат во четири соби, по две во секоја, и дека измислиле систем на ротација за да им дадат шанса на секоја да ја помине ноќта со него во кревет.

Од сопругите бара само искреност, а ако некоја сака да си замине, вели Онг, нема да ѝ прави проблеми.