Не претерувајте со миењето: Колку дневната рутина влијае на кожата на лицето?

Сподели со своите пријатели

Честото миење на лицето може да направи повеќе штета отколку добро, особено ако се борите со акни или мрсна кожа. Дерматологот д-р Ева Мелег откри зошто овој тип на рутина не е добар.

Loading...

Проблем со мозолчиња

За луѓето со акни, честото миење не помага да се намали нивото на маснотии.

Честото миење на лицето ги отстранува природните масла од површината на кожата, оставајќи ја сува, и затоа почесто ќе доведе до тоа телото да произведува уште повеќе себум за да го надомести.

 

 

Чистењето на лицето со некомедогено масло за чистење лице проследено со нежен пилинг еднаш на 1-2 дена е подобро од секојдневното миење со гел за чистење лице чија цел е растворање на маснотиите.

Loading...

Не ги спречува мозолчињата

Вишокот на себум не е она што предизвикува акни, така што секојдневното миење на лицето нема да ја реши основната причина. Она што е вистински проблем е оксидацијата на себум кога е блиску до површината на кожата. Се меша со воздухот и бактериите и доведува до блокади и воспаленија кои пак предизвикуваат мозолчиња. Значи, всушност, треба да ја запрете оксидацијата на себум, наместо да го плакнете секој ден.

 

 

– Доколку се остави лојот слободно да тече и не се плакне постојано, крајниот резултат ќе биде дека телото постепено ќе се регулира и ќе почне да произведува помалку себум – истакнува д-р Мелег, пренесува The Sun.

Парадоксот често е во тоа што луѓето со мрсна кожа и акни веднаш почнуваат повеќе да го мијат лицето, што пак всушност го зголемува производството на себум. Чистењето на кожата со нежен пилинг еднаш дневно, а потоа и серум за чистење на себум е подобар начин за контрола на производството на себум и спречување на мозолчиња.

Ги отстранува добрите бактерии

Loading...

Секојдневното миење на лицето може да ги отстрани добрите бактерии и потоа да ја направи вашата кожа уште посува. Добри бактерии кои ја штитат и одржуваат бариерата на кожата, ги спречуваат лошите бактерии, а исто така ја задржуваат влагата и го спречуваат сушењето.

 

 

– Кожната бариера е клучна за одржување на влажноста и еластичноста на кожата. Луѓето кои се склони кон егзема често имаат генетски компромитирана функција на кожна бариера. Така, убивањето добри бактерии на кожата кои помагаат во поправка на оштетената или загрозена кожна бариера само ќе ги влоши работите. Така, доколку имате сува кожа, секојдневното миење на лицето може да доведе до уште поголема сувост – истакнува д-р Мелег, пренесува The Sun.