На телото му е потребен холестерол за да изгради здрави клетки, но високото ниво може да биде многу опасно.
Поради зголемувањето на вредноста на холестеролот, се зголемува и ризикот од срцеви заболувања, пишува Стил.
Ако го слушаме нашето тело, можеме да ги препознаеме најраните симптоми и да реагираме на време, велат лекарите.
Високиот холестерол обично не предизвикува некои значајни симптоми, па затоа е тешко да се утврди. Сепак, постои збир на физички симптоми кои можат да бидат најраните сигнали дека нешто не е во ред со нивото на холестерол во вашето тело.
Ако забележите некој од овие сигнали, најдобро е да посетите лекар:
- Болка во рацете и нозете
Акумулацијата на холестерол може да ги заглави крвните садови на нозете и рацете.
„Акумулацијата на холестерол на овие места често предизвикува болка во рацете или нозете“, вели д-р Мајкл Николс.
- Чувствувате трнење во вашето тело
„Прекините во протокот на крв во одредени делови од телото создаваат пецкање во рацете и нозете.
Високото ниво на холестерол ја прави крвта погуста, а со тоа и нормалниот проток е оневозможен, што на крајот се манифестира како чувство на трнење“.
- Болка во градите
„Болката во градите, особено на левата страна, укажува на блокада на крвните садови околу срцето и може да предизвика болка. Понекогаш болката може да се прошири на вратот“, објаснува лекарот.
- Чести главоболки
Блокада на крвните садови во областа околу главата предизвикана од висок холест создава главоболка во задниот дел на главата.
Постојат два вида холестерол, добар и лош, и многу е важно да се внимава тие да бидат во нормални граници, нагласуваат лекарите.
Клиниката Мајо наведе кои се предизвикувачи за создавање висок холестерол и кои луѓе спаѓаат во најризичната категорија.
Еве што води до покачени вредности:
Лоша исхрана
Дебелината
Недостаток на физичка активност
Пушење
Возраст