Научниците рекреираа глас на Мумија стара 3.000 години (АУДИО)

Сподели со своите пријатели

Тим британски научници остварија голем подвиг, откако успеаја да го репродуцираат гласот на египетскиот свештеник, кој починал пред околу 3.000 години!

Loading...

Мумијата по име Несјамун потекнува од Теба и му припаѓа на свештеник кој живеел за време на владеењето на фараонот Рамс XI.

НЕВЕРОЈАТНО: Мумија на девојче која отвора очи (ВИДЕО)

Овој свештеник ги извршувал своите должности во комплексот храмови во Карнак.

Спојување на Е и А

Научниците го реконструираа гласот на одамна умрениот свештеник со помош на тродимензионален печатач со кој ги испечатиле неговите гласни жици, кои биле зачувани со мумификацијата.

Конечно откриена тајната на вонземската мумија од Чиле (ВИДЕО)

Нивниот труд е објавена на отворениот научен портал ScientifiCials, заедно со снимка на гласот на античкиот свештеник.

Loading...

– Ова е прв успешен обид за вештачка репродукција на глас на починато лице. Проектот ни даде единствена можност да го слушнеме звукот на некој што е долго мртов – рече Џоан Флечер, професор по археологија на универзитетот Јорк и коавтор на студијата.

Научниците веруваат дека Несјамун живеел околу 1.100 години пред Христа.

Мумијата во „адидас патики“ и натаму крие многу тајни (видео)

Порака на саркофаг

– Ја исполнивме желбата на овој свештеник неговиот глас да се слушне дури и по смртта. Таа порака беше напишана на саркофагот во кој се наоѓаше неговото мумифицирано тело, велат научниците.

Досега, научниците успеаја да репродуцираат звук кој наликува на долгата комбинација на буквите Е и А.

Loading...

ДА Е ЖИВ НЕ БИ ВЕРУВАЛ: Фараонот Рамзес Втори доби пасош 3.000 години по смртта (ВИДЕО)

„Звукот што се слуша е производ на неговите гласни жици од позицијата на саркофагот“, вели Дејвид Хауард, експерт за говор на Кралскиот универзитет во Лондон.

Мекото ткиво во грлото и гласните жици на мумијата биле добро зачувани, па свештеникот Несијамун бил одличен кандидат за овој проект.

Научниците се надеваат дека во втората фаза од експериментот ќе можат да го репродуцираат звукот на неговото пеење.

Пет важни историски факти кои науката и денес не може да ги објасни

– Египтолозите веќе се запознаени со фонетиката и начинот на изведување музика од тој период, за да можеме да репродуцираме делови од песните на свештеникот, – вели Дејвид Хауард.

Leave a Reply