Мумијата во „адидас патики“ и натаму крие многу тајни (видео)


Археолозите точно пред една година во Монголија откриле древна мумија која на себе имала облека која неодоливо потсетувала на патиките од брендот „Адидас“.

Истражувачите сега успеале да ја исчистат и разоткријат извонредни детали на овие чизми со црно-црвени пруго, кожен ѓон и декоративен ток.

Кога откритието беше објавено, многумина обувките ги просласија „Адидас“, поради видливите три линии од страната. Во тој смисол, беа интересни и за етнографите, посебно затоа што изгледаат така модерно – вели Галдадрак Енкбат, директор на Центарот за културно наследство на Монголија.

Центарот ја реставрирал мумијата и било откриено дека се работи за кројачи од Турција која починала на Атлај во Монголија. На прв поглед се чини дека мумијата е стара 1.500 години, но подоцна било утврдено дека е 400 години помлада. Починала по силен удар во главата, а понатамошните тестирања би требало да откријат повеќе за нејзиниот живот и смртта.

Со нејзиното тело, пронајдени биле и ташничка, огледало, чеѓел, нож, седло и остатоци од цел коњ.

https://youtu.be/JxDf4bGk2w8


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.