НЕВЕРОЈАТНО: Мумија на девојче која отвора очи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мумија на двојче кое се чува во Италија е најдобро зачувана мумија во светот, а оние кои ја виделе се колнат дека таа ги отвора очите.

Loading...

Имено, во стаклениот ковчег во длабочините на сицилијанската катакомба, лежи тело на девојчето Розалија Ломбардо. Имало само две години кога починала во 1920 година поради компликации поврзани со воспаление на бели дробови.

Нејзиниот татко бил толку очаен од тага кога девојчето починало, па од локалниот мудрец барал да го мумифицира телото. Алфредо Салафиа, локалец кој се занимавал со тоа, толку добро го балсамирал девојчето што внатрешните органи се целосни до ден денес.

Оние кои ја виделе велат дека изгледа како дека во секој час ќе се пробуди од сон. Кожата и е бела и мазна, златната коса поврзана со свилен шал, а полуотворените капаци ги откриваат сините очи.

Токму тој поглед веќе стотина години е дел од сицилијанските митови и приказни. Таа е една од 8.000 мумии под катакомбите на самостанот во Палермо, Сицилија. Стотици посетители тврдат дека доживеале како деовјчето полека да ги отвора очите. Некои ја снимале и тоа со часови за да го докажат тоа.

Италијанскиот биолошки атрополог Дарио пиомбино Маскали во 2009 година го разјаснил митот за „отворањето на очите“ на Розалија Ломбардо.

– Тоа е оптичка илузија која е резултат на светлото кое доаѓа од страничните прозорци и се менува во текот на денот. Очите никогаш не и биле затворени до крај, а како што се менува светлината која паѓа во неа, така ви изгледа дека ги отвора очите. Сфативме кога работниците во катакомбите го поместуваа ковчегот, рекол научникот, а пишува сајтот „All that is interesting“.

Тој успеал да ја открие и формулата за балсамирање која Салафиа во 1933 година ја понел со себе во гроб. Ги прекопал неговите документи и сфатил дека во прашање е формалин, цинкова сол, алкохол, глицерин и салицилна киселина.

Loading...

Формалинот, кој сега често се користи, е комбинација од формалдехиди и вода која елиминира бактерии. Салафиа е меѓу првите кои тоа го користел за балсамирање на телата. Алкохолот, заедно со сувата клима во катакомбите, го исушил девојчето, а глицеринот се погрижел да не пресушу, додека салицилната киселина спречила раст на габи.

Меѓутоа, солите на цинк, вели експертот Мелиса Џонсон Вилијамс, се клучен елемент кој го скаменил малото тело кое да го извадите од ковчегот и ставите на маса, навистина би стоело, толку е тврдо и ригидно. Но, овие соли повеќе не се користат при балсамирање.

Процесот бил едноставен, ништо не се вадело од телесната шуплина, само се давала една инекција.

И новиот ковчег во кој девојчето е положено спречува раст на габи или појава на бактерии, а посбен слој стакло брани и од влијанието на светлината.

Leave a Reply