Конечно откриена тајната на вонземската мумија од Чиле (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Многу мал, мумифициран скелет со глава како на вонземјанин, кој е откриен во кожна торбичка во една црква во пустината Атакама во Чиле во 2003. година, предизвика тогаш многу шпекулации, а се га конечно е откриено дека скелетот припаѓал на девојче које починало набргу по раѓањето.

Мумија која „вреска“ изложена во музеј во Каиро

Loading...

Пред 15 години кога е откриен се верувало дека скелетот припаѓа на вонземјанин, па за тоа е снимен и документарен филм. Сепак, научниците од Калифорнија пред неколку дена ја урнаа таа теорија.

 

 

По детална генетска анализа, утврдено е дека скелетот под името Ата припаѓа на девојке кое имало ретки генетски мутации, како џуџест раст, различни деформитети и очигледно забрзано стареење.

Во гробница во Египет пронајдена мумија стара 3.500 години (фото)

Во пчетокот се мислело дека скелетот припаѓа на дете на возраст од шест до осум години, но научниците феруваат дека тоа е фетус или дете кое починало непосредно по раѓањето. Зачуваноста на скелетот укажува дека смртта настапила пред 40 години.

Мумијата во „адидас патики“ и натаму крие многу тајни (видео)

Користејќи ДНК од коскената срж, истражувачите направиле анализа на целиот геном, која утврдила дека таа е од Јужна Америка со генетски варијации кои ја идентификувале како припадник на Андскиот регион кој го населуваат чилеанските Чилота Индијанци, пишува во извештајот.

 

Loading...

 

Некои од мутациите на генот кои биле пронајдени при анализа на овој скелет биле познати за научниците, а некои сега откриени. Тие нови откритија би можеле да доведат до лекувањето на луѓето кои имаат проблеми со коските.

Како изгледа внатрешноста на една мумија? (видео)

Како што наведуваат научниците, можеби постои начин да се забрза растот на коските кај луѓето на кои тоа им е потребно.

Пет важни историски факти кои науката и денес не може да ги објасни

Скелетот од пронаоѓањето во 2003. година па досега се наоѓа во приватна колекција на шпански колекционер, сега е изнесен предлогот истиот да се врати во Чиле и да се погреба според обичаите на локалното население.

Leave a Reply