НАТО го зголемува воениот буџет за 2024 година на 2,03 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

НАТО објави дека го зголемува воениот буџет за 2024 година за 12 отсто, на 2,03 милијарди евра, а цивилниот буџет за 18,2 отсто, на 438,1 милиони евра.

Loading...

„Зголемувањето и проширувањето на користењето на заедничкото финансирање на НАТО им овозможува на сојузниците поефикасно да се справат со заедничките безбедносни предизвици“, се вели во соопштението на НАТО, пренесува Ројтерс.

Цивилниот буџет на Алијансата обезбедува средства за персоналот, оперативните трошоци и програмските расходи на штабот на НАТО и неговиот меѓународен персонал, додека воениот буџет ги покрива оперативните трошоци на штабот, мисиите и операциите на командната структура на Алијансата ширум светот.

Столтенберг: Повисоко ниво на амбиција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно изјави дека зголемувањето на буџетот е „конкретен израз на повисоко ниво на амбиција“ за постигнување на целта поставена од сојузниците на Алијансата на самитот во Мадрид минатиот јуни.

Зголемувањето на буџетот на најголемиот воен сојуз во светот се случува во време на растечки глобални предизвици, предизвикани од руската инвазија на Украина од февруари минатата година, како и кризите во другите делови на светот.