Наставничка од САД бакнала ученик, му праќала голи фотографии

Сподели со своите пријатели

Омажена жена која работела како замена наставничка во Оклахома е обвинета за развратни дела и испраќање голи фотографии на 15-годишен ученик.

Loading...

Ема Дилејни Хенкок (26), поранешна учителка во училиштето Велстон, почнала да му праќа пораки на малолетникот во октомври 2022 година.

Допишувањето започнало откако наставничката на 15-годишникот почнала да му испраќа домашни задачи преку пораки.

Но, по неколку недели, тинејџерот ѝ испратил на наставничката фотографија на која е без маица.

Хенкок одговорила: „Дали сега испраќаме полуголи слики? на што тинејџерот напишал: „Не знам, праќаме ли?“.

Таа тогаш му рекла дека може да остане без работа, пишува Дејли Мејл.

Таа е мажена за началникот на полицијата

Во обвинението се наведува дека по оваа размена, Хенкок и тинејџерот почнале почесто да разменуваат голи фотографии и видеа од сексуални активности, а во два наврати се бакнувале и се допирале додека биле во училница.

Во обвинението се наведува и дека 15-годишникот во еден момент му кажал на својот пријател за врската со Хенкок.

Loading...

Кога друг ученик ја прашал дали е вистина, таа прво негирала, но потоа признала.

Наводно му рекла на ученикот дека врската не е проблематична бидејќи нема да бидат фатени.

Хенкок е омажена со началникот на полицијата во градот, Алфред Хенкок.

Таа беше обвинета за недолично однесување кон малолетник и нивно поттикнување на сексуални активности.

26-годишната наставничка се појави на суд во четвртокот, а потоа плати кауција за да остане на слобода во очекување на судењето.