„Наскоро ќе покажеме што значи одмазда“: Кадиров рече дека добиле наредба за офанзива

Сподели со своите пријатели

Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров изјави дека во Русија треба да се прогласи вонредна состојба по нападот со дронови врз Москва.

Loading...

„Неопходно е да се прогласи вонредна состојба во Русија и да се употребат сите борбени средства за да се исчисти целата терористичка ќелија. Наместо да ги користиме термините украинска армија и украински политичари, треба да ги нарекуваме со нивното вистинско име – терористи“, напиша Кадиров на неговиот Телеграм канал.

Тој нагласи дека нападот со дрон врз Москва нема никакво тактичко, стратешко, па дури и психолошко значење.

„Конфликтот се одвива на сосема друго место. Одговорите на таквите напади треба да бидат жестоки. Ние ги штитиме нашите граѓани“, напиша тој, додавајќи дека украинските власти го користат омилениот метод на терористите за кукавички да ги напуштат позициите и да избегнуваат отворена борба со издавање наредби за напад на цивилна инфраструктура.

„Наскоро ќе покажеме што значи одмазда во вистинска смисла на зборот“, рече тој.

Кадиров набргу потоа објави дека добил наредба да ги прераспореди своите сили во Доњецката Народна Република (ДПР) во источна Украина, поддржана од Москва.

„Пријатели, чеченските единици добија нова наредба за прераспределба на своите сили. Територијата на Народна Република Доњецк станува зона на одговорност“, напиша Кадиров, а потоа додаде:

„Според наредбата, борците на чеченските единици мора да почнат да активни борбени операции и ослободување на голем број населени места“.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.