Насилно си го одзел автомобилот од депото на „Куманово паркинг“

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Куманово вчера од слобода го лишиле Б.Ј.(35) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „самовластие“, информираат од кумановската полиција.

Loading...

Истиот ден, од страна на вработена во депо на ЈП Куманово паркинг – Пајак било пријавено дека на 28.10.2019 година околу 21.10 часот, додека била на работа, од страна на Пајак службата било донесено патничко моторно возило „мерцедес“, со скопски регистерски ознаки, кое останало во дворот во 22.00 часот, кога вработената ги затворила депото и металната капија.

Како што информираат од СВР Куманово, Според пријавеното, околу 23.10 часот, сопственикот на возилото насилно ја отворил главната капија и го одзел возилото.

По целосно документирање на случајот, против Б.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply