НАСА ПРЕДУПРЕДУВА: Голем астероид се движи кон Земјата (видео)

Сподели со своите пријатели

Астероид поголем од било кој досега изграден облакодер, се движи кон Земјата и според предвидувањата, покрај нашата планета ќе помине на 4. февруари на одалеченост од околу 4,2 милиони километри.

Кога би удрил во неа, научниците сметаат дека би следувала деценија на студ и темнина.

Адтероидот под името 2002 AJ129 откриен е уште на 15. јануари 2002 година во рамките на проектот за следење на астероиди кои се доближуваат до Земјата, под покровителство на НАСА.

Сте сонувале да станете астронаут? НАСА нуди одлична можност – еве ги условите (видео)

Loading...

Иако овој астероид е категоризиран како „потенцијално опасен астероид“, не постои опасност за судир со нашата планета во блиска иднин.

– Го следиме овој астероид повеќе од 14 години и прецизно ја познаваме неговата орбита. Нашите пресметки покажуваат дека нема никакви шанси тој на 4. февруари да се судри со земјата, ниту во наредните 100 години, вели Пол Чодас, директор на Центарот за прочување објекти во близина на Земјата при НАСА.

https://youtu.be/4p_0fDAT_Yg