НАСА објави фотографија од златни реки во прашума,но вистината е сосема поинаква (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Не е злато сè што блеска, вели една стара поговорка – што особено важи за фотографијата неодамна направена од Меѓународната вселенска станица (ISS).

Loading...

Она што на фотографиите личи на реки злато што течат низ дождовната шума Амазон во регионот Мадре де Диос на истокот на Перу, всушност се јами кои веројатно ги оставиле независни рудари, според Земјината опсерваторија на НАСА.

Астронаутите на ISS обично ја промашуваат оваа сцена поради аголот на светлината, но овој пат тие ја снимале областа исто како што ја рефлектирала сончевата светлина.

На фотографијата се гледа реката Инамбари и бројни јами опкружени со исчистени области, пишува Си-Ен-Ен.

 

 

Уништување на прашумата

Loading...

Независното ископување на злато храни десетици илјади луѓе во регионот Мадре де Диос, што го прави една од најголемите нерегистрирани рударски индустрии во светот.

Рударството е исто така најголема причина за уништување на шумите во регионот, а живата што се користи за време на експлоатацијата на злато ги загадува водните патишта.

Потрагата по злато во оваа област се интензивираше по изградбата на автопатот во 2011 година што го направи достапен овој дел од дождовната шума.

„Единствената патна врска помеѓу Бразил и Перу требаше да ја зајакне трговијата и туризмот, но се чини дека резултираше со уништување на шумите“, пишува НАСА.

Вселенската агенција објави фотографија од „златната река“ пред неколку дена, но направена е на 24 декември.

 

 

Loading...

Област населена со големи папагали, мајмуни и јагуари

Регионот Мадре де Диос е недопрено парче од Амазон, во кое живеат големи папагали, мајмуни, јагуари и разни видови пеперутки.

Иако некои делови од регионот се заштитени од рударство, како што е Националниот резерват Тамбопат, стотици квадратни километри дождовна шума во областа се претворени во отровна пустелија без дрвја.

Научна студија од јануари 2019 година покажа дека уништувањето на шумите поради експлоатација на злато уништила околу 22.930 хектари перуанска прашума во Амазон.

Ова значи дека за време на рударството на злато во 2017 и 2018 година, во Перу била уништена пошумена област со големина од 34.000 фудбалски игралишта.

Leave a Reply