НАСА најави најспектакуларна „крвава“ Супермесечина за вечерва

Сподели со своите пријатели

Првото целосно затемнување на Месечината во последните две години ќе се случи во среда: тоа ќе биде крвава „супер Месечина“ што ќе биде видлива од делови на Азија, Австралија, САД и Јужна Америка, објави НАСА.

Loading...

Благодарение на затемнувањето, сите заинтересирани ќе можат да ја видат таканаречената крвава супермесечина, објави НАСА, додавајќи дека најјасно ќе го видат жителите во САД, поточно оние на Хаваи, Алјаска и западните држави.

Крвавата Супермесечина обично се појавува за време на целосно затемнување на Месечината, кога Земјата ќе се најде директно помеѓу Месечината и Сонцето, криејќи ја Месечината од сончевата светлина и е именувана како „крвава“ поради црвениот сјај, пишува CBS.

„Кога тоа ќе се случи, единствената светлина што во тој момент стигнува до површината на Месечината минува низ рабовите на Земјината атмосфера. Молекулите на воздухот од атмосферата на Земјата расфрлаат најголем дел од сината светлина, а преостанатата светлина се рефлектира на површината на Месечината со црвен сјај, што ја прави Месечината на ноќното небо да изгледа црвена“, објаснуваат научниците од НАСА.

Последица на ваквите настани е „лесен прстен“ околу Месечината, но астрономите сè уште не можат да предвидат во која мерка ќе биде црвена, бидејќи може да биде под влијание на прашина во атмосферата, соопшти НАСА.

Мајската супермесечина е една од трите оваа година и ќе биде најголема меѓу нив. Супермесечина се јавува кога Месечината изгледа поголема од вообичаеното затоа што е најблиску до Земјата.

Овогодинешната мајска супермесечина е наречена и „цветна“, а своето име го добила по тоа што во мај цветовите цветаат на Земјата.

Самото затемнување ќе трае околу 14 минути, а целиот настан околу пет часа, од 8,47 до 13,49 часот координирано универзално време, што значи дека ќе можат да го видат навечер во Азија и во САД во раните утрински часови.

Loading...

За оние кои нема да можат да го видат затемнувањето со голо око, организирана е виртуелна телескопска проекција.

Leave a Reply