Напишала роман „Како да го убиеш својот сопруг“, а сега е осудена за убисто на сопствениот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Авторката на романот „Како да го убиеш својот сопруг“, Ненси Крамптон-Брофи, е прогласена за виновна за убиство од втор степен.

Loading...

Дванаесет поротници ја осудија Ненси за убиство на нејзиниот сопруг Даниел Брофи на 2 јуни 2018 година. На судиите им биле потребни осум часа за да донесе одлука, пишува „Гардијан“.

Обвинителите рекле дека писателката го убила нејзиниот сопруг со намера да ја наследи неговата полиса за животно осигурување од 1,4 милиони долари. 71-годишната жена ги отфрли обвинувањата и рече дека се нашла на снимката од местото на убиството додека барала инспирација за претстојниот роман, а потоа рече дека „не се сеќава дека била таму“.

 

 

За пиштолот за кој се верува дека со него бил убиен Даниел и кој бил купен неколку месеци пред неговата смрт, Ненси тврди дека бил наменет само за истражување на романот. Таа ги негираше и наводите дека осигурувањето било мотив за убиството.

Да потсетиме, Даниел беше пронајден мртов во кујната на Кулинарскиот институт во Портланд, со прострелна рана во грбот и друга во градниот кош. Неговата сопруга ја сподели веста за неговата смрт на Фејсбук еден ден подоцна.

Loading...

– Имам тажна вест да кажам. Мојот сопруг и најдобар пријател, готвачот Ден Брофи, беше убиен вчера наутро. За оние од моите блиски кои мислите дека ова заслужува телефонски повик, во право сте, но јас се мачам да разберам се веднаш – напиша таа.

Ненси Крамптон-Брофи е автор на љубовни романи кои самата ги објавила, а во 2011 година го објавила споменатиот есеј во кој детално се опишуваат различните мотиви и начини на убиство на нејзиниот сопруг.