Напаѓачот кој уби 23 луѓе во Волмарт осуден на 90 доживотни затворски казни

Сподели со своите пријатели

Федералниот судија во Тексас го осуди напаѓачот кој уби 23 и повреди 22 лица во продавница на Волмарт во 2019 година на 90 доживотни затворски казни.

Loading...

Напаѓачот Патрик Крусиус (24) се изјаснил за виновен и се согласил на 90 доживотни затворски казни за да ја избегне смртната казна, пренесува Ројтерс.

Одлуката на федералниот суд уследи по дводневното сведочење на сведоци, вклучително и некои од 22-те преживеани, како и роднините на 23-те убиени, кои дадоа изјави за пукањето во присуство на Крусиус.

Обвинителите соопштија дека напаѓачот патувал повеќе од 1.000 километри во текот на ноќта од предградијата на Далас до пограничниот град Ел Пасо, извршувајќи го масакрот на 3 август 2019 година, со романска верзија на АК-47.

Непосредно пред нападот, напаѓачот на интернет објави манифест во кој напиша: „Овој напад е одговор на шпанската инвазија на Тексас. Тие се поттикнувачите, не јас. Едноставно ја бранам мојата земја од културната и етничката замена што беше создадена со инвазијата“.