Намалување од 29.5% на нови случаи и намалување од 45.8% на починати

Сподели со своите пријатели

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31 мај до 06 јуни 2021, тестирани се вкупно 19.672 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 9,1% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5% во однос на минатата недела.

Loading...

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=65; 41,9%), со неделна инциденца – 10,5/100.000. Највисока неделна инциденца од 35,8/100.000 е регистрирана во Демир Хисар.

Процентот на позитивност се движи од 0,1% до 1,4%, просечно 0,7%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=52, 33,5%). Заболени се регистрираат и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=26; 16,8%), 40-49 (n=25; 16,1%), 30-39 (n=20; 12,9%) и 20-29 (n=18; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=4; 2,6%) и 10-19 години (n=10; 6,5%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 465 лица кое биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 30,8% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 13 смртни случаи од 6 града, 45,8% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 9 лица биле над 60 години, 3 лица на возраст од 50-59 години и едно лице од 40-49 години.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19.

Заклучно со 06.06.2021, аплицирани се:

Loading...

• 60.526 дози на Pfizer/Biontech (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза),

• 45.168 дози на Sputnik V (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза),

• 32.875 дози на AstraZeneca (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и

• 251.705 дози Sinopharm (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).

Заклучно со 06.06.2021 вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 31 мај до 06 јуни 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Leave a Reply