Најубавата плажа за заљубените парови во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Скриената мексиканска плажа Playa del amor (шпански, плажа на љубовта) не е толку далечна што не можете да ја најдете.

Loading...

Среде мексиканскиот архипелаг Мариета има место за љубовниците, Плажата на љубовта. Иако островите биле обликувани од вулканска активност, напиканата плажа се родила во експлозии на бомби.

Овој рај за љубовници се наоѓа на еден час пловење северозападно од Порто Ваљарта, и многу близу до групата на ненаселени Мариета Острови.

 

 

 

Во последниве години, Плажата на љубовта стана многу интересна за љубителите на романтична авантура, па се повеќе туристички агенции нудат патувања во ова привлечено гнездо за љубовниците.

Loading...

Иако целиот архипелаг Мариета е формиран со дејство на подводни вулкани, Плажата на љубовта е создадена на поинаков начин – со бомбардирање!

Во почетокот на 20 век, ненаселените острови биле користени за воени тестови од страна на мексиканската влада.

Бомбите, најверојатно, се причина за топографијата на архипелагот, па дури и скриените плажи за љубовниците.

Островите Мариета се прогласени за национален парк во 2005 година со цел да се заштити подводниот живот во областа околу архипелагот, така што опасноста од бомби повеќе да не постои.

 

Leave a Reply