Најреткиот кит во светот снимен втор пат во историјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најреткиот кит во светот е снимен само по втор пат во историјата, овој пат во близина на брегот на Тајланд.

Loading...

Група туристи на чартер брод во близина на Пукет, Тајланд забележале мистериозно целосно бело суштество додека биле на новогодишно патување.

Снимиле пар ретки китови Омура (Balaenoptera omurai) кои заедно пливаат во Андаманското Море, а еден од нив бил целосно бел.

Материјалот беше споделен со властите и со организацијата за заштита на животната средина ThaiWhales.

Групата го објави видеото на Фејсбук на 5 јануари, опишувајќи го како „револуционерен извештај“ и „возбудливо откритие во областа на морските истражувања“, пишува Дејли Меил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Близнаците најмногу испраќаат голи фотографии, а еве како реагираат останатите знаци

Подоцна на Фејсбук беа објавени уште неколку видеа.

Снимката го прикажува целосно белото суштество како плива покрај чартер брод додека туристите гледаат воодушевено.

На објавените снимки се слуша „Леле“, „Боже мој“.

Loading...

 

 

Според морскиот експерт Тон Тамронгнавасават од ThaiWhales, ова е прв пат целосно бел кит Омура да биде забележан во Тајланд.

Гледањето на животното било пријавено во Одделот за морски и крајбрежни ресурси на Тајланд, кој започнал потрага по ова уникатно суштество.

По еднодневна потрага, официјалните лица рекоа дека не го нашле, но забележале уште најмалку четири китови Омура во областа.

Тие пливале и се хранеле во близина на островот Фи Фи, островот Ханимум и островот Корал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Близнаците најмногу испраќаат голи фотографии, а еве како реагираат останатите знаци

Патем, китот Омура е најновиот вид на цицачи што е идентификуван, велат експертите од организацијата за заштита на китови и делфини.

Loading...

Првпат биле забележани во 2003 година, но потоа како мртви трупови, додека првпат биле видени живи во 2015 година.

Китовите имаат долго и тенко тело што ги прави „змиски“, а грбната перка им е „мала и силно закривена“.

Китовите Омура имаат и еден гребен на предната страна на главата, можат да пораснат до 12 метри и тежат до 20 тони.

Тие обично живеат во тропски и топли мориња.

Толку малку се знае за китовите Омура што научниците не се сигурни колку ги има и сè уште учат за нивната дистрибуција, големината на популацијата и можните варијации во изгледот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Близнаците најмногу испраќаат голи фотографии, а еве како реагираат останатите знаци