Најмалку 45 лица се повредени во рускиот напад на Киев, оштетена е детска болница

Сподели со своите пријатели

Најмалку 45 лица се повредени рано утринава во руски ракетен напад врз Киев, а оштетени се и некои згради, детска болница и водовод, соопштија украинските власти.

Loading...

Тие изјавија дека се хоспитализирани 18 лица, меѓу кои и две деца.

Украинската воздушна одбрана ги собори сите ракети кои беа истрелани кон Киев рано утринава, но остатоците од проектилите предизвикаа повреди и оштетувања на зградите, напиша шефот на воената управа на Киев, Серхи Попко.

Попко рече дека 15 лица, вклучително и четири деца, биле евакуирани од станбената зграда откако остатоците од ракета предизвикале пожар, пренесе Ројтерс.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм напиша дека се скршени прозорците на детската болница, но според првите извештаи нема жртви.

Четири лица се повредени во рускиот ракетен напад врз Киев во понеделникот наутро.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.