Најмалку 25 мртви во воздушен напад во Јемен

Сподели со своите пријатели

Најмалки 25 лица загинале, меѓу кои и деца, во воздушниот напад на удар на коалицијата на чело со Саудиска Арабија на полниот пазар во Јемен, наведуваат безбедносните извори и очевидци.

Во истиот напад повредени се најмалку 30 лица во западната провинција Таиз, пренесува АП.

Меѓународните групи за заштита на човековите права обвиниле дека во повеќе наврати коалицијата бомбардирала цивилни сбоири, пазари, болници и станбени објекти ширум Јемен од почетокот на офанзивата од воздух во март 2015 година против бунтовниците Хути кои ги поддржува Иран, потсетува АП.

Од тогаш до сега убиени се над 10.000 цивили, а војната го втурна Јемен на работ од глад.