Најмалку 16 лица загинаа на Филипините кога автобус падна во провалија

Сподели со своите пријатели

Најмалку 16 лица загинаа на Филипините кога откажале сопирачките на автобусот што ги превезувал и паднал од карпа во централната провинција Антика, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Осум лица се во критична состојба во болниците, додека четири се стабилни, изјави локалниот гувернер за медиумите, пренесува Ројтерс.

Официјално потврдениот број на загинати е помал од 28-те што претходно ги објавија локалните медиуми, наведува британската агенција.

Автобус со десетици патници од провинцијата Илоило се движел кон градот Куласи во Античката провинција во вторникот попладне кога му откажале сопирачките на патот, поради што паднал 30 метри во провалија, соопштија властите.

Спасувачките операции се во тек. запрени откако беа пронајдени сите видливи тела на местото на настанот, објави провинциската влада.

Вкупниот број на патници, првично проценет на 53, допрва треба да се потврди, се додава во соопштението.

Филипините се познати по слабото регулирање на јавниот транспорт и лошо одржуваните патишта, наведува Ројтерс.