Најмалку 11 загинати и над 50 повредени во тешка сообраќајна несреќа во Турција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени денеска во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми.

Loading...

Во верижниот судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северен Мармара во близина на населбата Дагдиби во провинцијата Сакарија, јави новинската агенција Анадолу.

Причината за несреќата се уште не е утврдена, наведува турската агенција.

Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла, а видливоста е слаба.

Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми изјави дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, а седум се во тешка состојба.

„Според првите сознанија, најголем број смртни случаи во несреќата предизвикал третиот автобус кој удрил во патниците кои излегле од возилото. Полицијата е на лице место и истрагата е во тек“, изјави Карадениз, пренесува Хабертурк.

 

https://youtu.be/h2mruBTslfQ

Loading...