Најбизарна кампања: Политичар стана од ковчег и им испрати порака на своите противници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Карлос Мајорга, кандидат на локалните избори во Мексико, ја започна својата политичка кампања пред неколку дена од отворен ковчег, со што предупреди на стапката на насилство во градот Хуарез, што, поради комбинација на пандемии и небрежност на сегашните власти, стана „град на мртвите“.

Loading...

Мајорга пристигна на предизборниот митинг, што се одржа на мостот меѓу мексиканскиот пограничен град Хуарез и Ел Пасо, Тексас, во ковчег. Тој беше придружуван од неговите соработници облечени во заштитна медицинска опрема, а тие во рацете носеа букети цвеќе во обид да привлечат внимание на бројот на жртви на вирусот корона, кој надминува 200.000 во оваа земја.

– Одлучивме да ја започнеме нашата политичка кампања од ковчегот затоа што на тој начин сакаме да им испратиме порака на политичарите дека луѓето умираат овде поради нивната рамнодушност – рече Мајорга.

 

Leave a Reply