Над 90 возачи казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 91 казна напишала кумановската полиција во текот на изминатиот викенд на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 91 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, вкупно 54, биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

18 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без
возачка дозвола и 5 за нерегистрирани возила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Сообраќајните контроли, предупредуваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски