Над 600.000 заболени од Ковид19 во светот

Сподели со своите пријатели

Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 600 илјади, починат се 27.417 лица, а излечени 133.426 лица, според податоците на „Worldometer“.

Loading...

Најлошата состојба е во Италија, каде од коронавирусот починале 9.134 луѓе.

ДЕН НА СЛОБОДАТА: Вухан отворен по два месеци изолација

Како што беше објавено во петокот во таа земја, за само 24 часа се пријавени 969 смртни случаи, најголем број за еден ден, а потврдени се и 5.909 нови случаи.

Најголем број заразени лица сега ги има САД, каде за само 24 часа биле потврдени 14.602 случаи.

Досега починале 1.536 луѓе во САД.

Бројот на починати на коронавируси во Шпанија вчера се зголеми за 769 и сега изнесува 4.858. Бројот на заразени лица се зголеми од 56.187 на 64.059.

Рекорден број на жртви во Шпанија

Loading...

Кина денес јави за 54 нови случаи на коронавирусот, забележувајќи дека сите се увезени.

Во Јужна Кореја, бројот на заболени за прв пат од почетокот на епидемијата е поголем од бројот на пациенти во карантин.

Во Австрија, бројот на лица тестирани позитивно на коронавирусот достигна 7.697 утрово, при што бројот на жртвите се зголеми за девет и изнесува 68, соопшти Министерството за здравство.

Во Словенија досега 648 случаи на коронавирус

Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен и е во изолација, но ќе продолжи да се бори против пандемијата. Принцот Чарлс исто така е заразен со вирусот.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се заложи за буџетска солидарност во Европската унија во борбата против коронавирусот и истакна дека „Европа не смее да биде себична“.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во петокот ја доведе во прашање смртноста во Сао Паоло од епидемијата на коронавирусот и го обвини гувернерот на државата за манипулирање со броевите во политички цели, без да изнесе докази за неговите тврдења.

Во Русија 1.264 случаи на коронавирус, досега починати 4 лица

Loading...

Претседателот на САД Доналд Трамп, го потпиша законот за пакетот за економска помош од две илјади милијарди долари, дизајниран за намалување на економското влијание на коронавирусот во САД.

Leave a Reply