Над 1.000 првачиња во Куманово денеска тргнаа на училиште (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 1.079 првачиња од денеска ќе седат во училишните клупи на 16 основни училишта во Куманово.

Loading...

Емотивен ден за децата, но и за нивните горди родители кои ги доведоа до училиштата.

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска беше во ООУ „Толи Зордумис“ каде се присети на сопствените први училишни денови и им посака многу успех на триесетината првачиња запишани во оваа училиште.

– Јас од срце сакам да ви посакам успех на сите ученици и да ги охрабрам родителите да ги поддржат првачињата, да се посветат на воспитно-обрзовниот процес. Оваа година општина Куманово за прв пат обезбеди скромна симболична финансиска помош за сите првачиња во целиот град. Со тие средства да се обезбедат основните почетни ученички материјали во износ од 2.000 денари и ќе продолжиме да го поддржуваме воспитно образовниот процес, рече градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Тромеѓа нападнат во Пчиња

 

Loading...

 

Во шеснаесетте училишта во Куманово, како што информираат од Секторот за образование, настава ќе посетуваат вкупно 9.951 ученик.

 

 

Денеска започна настава и за средношколците. Во четирите општински училишта настава ќе посетуваат вкупно 3.986 ученици, од кои 917 запишани во прв клас.

Новитет оваа учебна година е што учениците ќе имаат пролетен распуст, а наставната година ќе трае до 17 јуни.

Loading...

Никола Ивановски