Нацрт предлогот за задолжување на Општина Куманово оди на јавна расправа

Сподели со своите пријатели

Нацрт програмата за долгорочно задолжување на Општина Куманово во висина од еден милион евра за набавка на техничка опрема на јавните претпријатија оди на јавна расправа во која ќе бидат вклучени граѓаните, невладиниот сектор и надлежните од локалната самоуправа.

Loading...

Со цел да се запази законската процедура, која налага јавна расправа, денеска градоначалникот се согласи на предлогот на опозицијата, иако претходно се одржани низа форумски сесии на оваа тема.

– По однос на членот 20 за јавна анкета сум поборник за транспарентно работење, секогаш било така и кога ќе ме прашате на советнички прашања обично технничко прашање јас ви давам елаборација за цели настани, сакам советниците и граѓаните да бидат информирани и знам дека е тешко. Општината секоја година има расправи и анкети, прави анкета и сондажа на јавно мислење со теренски и друг тип анкети на сите јавни мислења на граѓанните кои велат подобрување на инфраструктура, хигиената во градот, намалување на сообраќајниот метеж се нивен приритет, како и гасификација и намалување на загадување, изјави Димитриевски.

Со 19 гласови „за“ и пет „против“, нацрт програмата ќе биде ставена на јавна расправа и ќе биде објавена на веб страницата на општината.

Јавната расправа ќе трае 15 дена од денот на објавување во службеното гласило на Општина Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply