На Тајланд уапсен лажниот Џорџ Клуни (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По девет години во бегство, брачен пар италијански државјани кои го користеле името на американскиот актер Џорџ Клуни за да продаваат гардероба, се приведени на Тајланд.

Loading...

На црвената потерица на Интерпол, Франческо Галдели и неговата сопруга Вања Гофи биле од 2013 година. Актерот Џорџ Клуни ги обвинил пред италијанскиот суд уште во 2010 година дека го користеле неговото име со цел да измамат. Покрај тоа, биле обвинети за низа други прекршоци во Италија.

За да избегнат апсење избегале од Италија.

Лажен принц од Црна Гора и Македонија се луксузирал низ Италија

Галдели и Гофи се приведени во заедничка акција на тајландските и италијански власти во предградието на тајландскиот град Патауе.

– При испрашувањето Фраческо призна дека се претставувал како Џорџ Клуни и дека така организирал трговија со облека мамејќи ги луѓето кои му испраќале пари, соопштила тајландската полиција.

Итлаијанските медиуми пишуваат дека парот живел на Тајланд и од продажба на лажни „Ролекс“ часовници преку интернет.

18 години затвор за лажен саудиски принц

Loading...

Обвинети се за кршење на визниот закон и ќе бидат израчени на Италија.

Фото: Принтскрин Јутјуб/ เรื่องเล่าเช้านี้ บีอีซี-เทโร

Leave a Reply